Апсолутно погрешни совети за брзо губење килограми

Треба да знаете во што да верувате кога се во прашање советите, особено оние што се тесно поврзани за вашето здравје. Да, секако сите знаеме колку е тоа тешко за тоа што постојано сме бомбардирани со  разни студии и паметн и експерти од кои се чини дека секој има свое мислење за тоа што треба да правите кога станува збор за губењето килограми.

Еве неколку совети што се апсолутно погрешни, што само ве залажуваат и целосно се непотребни, па затоа прочитајте и одлучете дали треба да ги следите:

Никогаш не вечерај по 19 часот

Времето кога јадете нема никаква врска со тоа колку килограми имате – важно е само еднаш во денот да не конзумирате премногу калории. Обрнете внимание на тоа дали ќе можете да уживате во нормален вечерен оброк што ви треба.

За симнување на килограмите ви треба само добар кардио тренинг

Со 30 минутно трчање можеби ќе согорите околу 270 калории, но тоа не е најдобро потрошено време. Затоа во планот на вежбите морате да  ги ставите и вежбите за повеќе енергија затоа што таквите вежби ќе го засилат и вашиот метаболизам што автоматски побрзо ќе ја преработува храната и многу побрзо ќе создава мускулна маса.

Постојано сте на вагата за да ги следите резултатите

Почнавте со диета и ја комбинирате со вежби – денес имате 77 килограми, утре 76, а задутре 78! Тоа е најнормална појава не само поради тоа што вашите мускули се зголемуваат или затоа што сте се мереле во различна доба на денот па имате различен степен на вода во организмот – варијациите се нормални, а вие само ќе се обесхрабрите. Затоа најдобро е да се мерите само еднаш неделно, а во меѓувреме да следите како расте вашата кондиција и како се намалуваат милиметрите околу вашата половина.

Ако многу вежбате неморате да внимавате што јадете

Звучи добро ако по вежбите чесно се наградите, но ако навистина сакате вашиот план да успее – заборавете на нездравите награди во об лик на пица, колачи и друга нездрава храна – тоа може да си го дозволите можеби еднаш неделно.

Заборавете на јагленхидрати

Не! Најдобро е да заборавите на овој совет, а не на јагленхидратите затоа што ако нагло ги исфрлите лебот и тестенините, оризот, овошјето и зеленчукот полни со јагленхидрати можеби краткорочно побрзо ќе ги загубите килограмите, но долгорочно сами на себе си ќе си направите лоша услуга. Затоа бирајте мудро и само налмалете ја количината на таквите продукти, односно внимавајте да не ја надминувате дневната доза.

Прескокнувајте оброци

Ако почнете да ги прескокнувате оброците вашето тело ќе биде толку мудро што ќе почне храната да ја зачув ува во облик на масти за да може да ви овозможи доволно енергија за да го издржите денот поради што ќе се чувствувате поисцрпено, но не и послабо.

Пијте сокови со 0 отсто шеќери

Тоа е во ред ако ги правите сами, но неможете да верувате дека постојат индустриски сокови без милиграм шеќери. Кога сте жедни едноставно напиете се вода.

Завиткајте се во најлони за побрзо да симнете килограми

Можеби по една таква интензивна вежба ќе тежите еден килограм помалку, но тоа не значи дека ќе ги стопите сопствените наслаги и калории, туку дека сте загубиле повеќе течности. Тоа е онаа вода што ќе мора да ја надополните за да не дехидрирате.