Аптека од Штип го оштетила државниот буџет за 189.755 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.К. (53), управител и сопственик на аптеката „Симона“ поради сомнение дека сторила кривично дело „даночно затајување“.

Пријавената како основач, сопственик и управител во периодот од почетокот на 2009. година до ноември 2014 година со намера да избегне делумно плаќање на персонален данок, присвојувала парични средства од дневниот промет кои што пари се лични примања, а согласно законот се должни да платат персонален данок.

Со кривичното дело, Буџетот на РМ е оштетен во вкупен износ од 189.755 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.