Арамиите во Куманово неуморни во изминатото деноноќие

Две кражби се случија во Куманово во изминатите 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првата кражба се случила во 18,30 часот во продавницата „Елида“ каде што непознат и вооружен крадец  од вработената одзел 29.800 денари од дневниот промет.

Вториот грабеж се случил во парфимеријата „Пикасо“ каде што крадец со нож од вработените украл 7.500 денари.

Полицијата и во двата случаи презема мерки за целосно расчистување на случајот.