Арапите креваат раце од богатството, имаат нов план

Соединетите Арапски Емирати сакаат да ја поседуваат иднината, пишува „Фајненшел пост“.

Земјата која за својата економска еволуција и денешниот развој најмногу и должат на продажбата на нафтата, денеска се откажува од своето богатство. ОАЕ денес се фокусира на трговијата, туризмот и технологијата…

Шеиците знаат дека нафтата нема да тече вечно и поради тоа ја преземале работата во свои раце. Тие продолжуваат да ја градат државата.

Владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум неодамна на Твитер објавил конкурс во кој барал лице помладо од 25 години кој ќе биде министер во ОАЕ. Набрзо потоа дваесетгишната Шама Ал Мазруи е именуван за министерка на младите.

Освен тоа што именуваа најмлада министерка во историјата на земјата, шеиците направиле и реконструкција на Владата.

Во ОАЕ знаат колку е важно градежништвото и инвесирањето во инфраструктурата. Така во Дубаи моментално има две големи градежни зони.

Американскиот астрофизичар Неил де Грас неодамна изјавил дека Дубаи е град на иднината.

-Тоа е градот кој го барав и град кој САД никогаш не го изградија, рекол тој.

Продажбата на нафта денес чини четири отсто од буџетот на Дубаи, но затоа многумина вложуваат во проекти во областа на технологијата, која всушност станала еден од изворите на заработувачка.

Научниот парк во Дубаи е место каде научниците живеат и работат, а челниците на градот им нудат најдобри услови, бидејќи знаат колку корист имаат од нив.

Во градот многу вложуваат во обновливите извори на енергија кои не чинат многу. До 2030. година очекуваат дека 15 отсто од целата потрошувачка на енергија во Дубаи ќе доаѓа од обновливите извори на енергија.

Министерот за животна средина и климатски промени неодамна изјавил дека иднината не лежи во роботите и високите згради, туку во услугите.

-Сакаме да ја подигнеме услугата на повисоко ниво, рекол тој.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.