Арапите кријат пропаѓање или таен план?

Цената на нафтата со години веќе е 60 долари побарел, меѓутоа Саудиска Арабија, како најголем произвеувач на нафта, веќе долго време крие колку всушност ова влијае на економијата на здржавата.

Резервите на пари на Саудиската монетарна агенција се намалиле за 73 милијарди долари од кога цената на нафтата е повеќе од преполовена.. Имено, 80 отсто од државниот буџет, а дури 45 отсто од БДП на граѓаните произлегува од продажбата на нафтата. Значи, падот на цената на нафтата претставуа голем удар на саудиската економија, а особено ако државната потрошувачка останува иста. најниската цена оваа година изнесуваше 45 долари, во однос наминатогодишните 100. .

Бизнис Инсајдер смета дека саудиските власти ги повлекле парите на странски сметки, за да ја одржат домашната економија, да го намалат дефицитот во домашниот буџет, но и за финансирање на воената кампања која во моментот ја спроведуваат во Јемен.

Со оглед на количината на нафта која ја произведуваат ( околу 10.564 милиони барелидневно) Саудиска Арабија има моќ сама да ја диктира цената на нафтата, меѓутоа, државните власти  имаат намера да г исфрлат ривалските земји од трката за производсто и продажба на нафта.

Со други зборови, што е повисока цената тоа повеќе државата може да конкурира на глобалниот пазар на нафта.

Сепак, постојат и оние кои сметаат дека повлекувањето на голема количина пари од странски смети ја подготвува Саудиска Арабија уште повеќе да ги зголеми своите производни капацитети, и целосно да завладее со глобалниот нафтен пазар.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.