Свет

Арапска лига: Екстремистите извршија злосторства врз човештвото

Арапска лига: Екстремистите извршија злосторства врз човештвото

Арапската лига денеска ги обвини сунитските екстремисти од Исламската држава дека направиле злосторства врз човештвото поради прогонството на припрадниците на заедницата Јазиди кои се во смртна опасност на планините за северот на Ирак.

Генералниот секретар на Арапската лига, Набил ел Араби, побара сторителите на ова злосторство да бидат донесени пред лицето на правадата.

Поради напредување на џихадистите, повеќе од 200 илјади луѓе ги напуштиле своите домови, особено по заземањето на Карадош, најстариот христијански град во Трак.

Јазидите, се припадници на стара курдска секта и живеат на северот на Ирак и во Сирија. Нивната религија која има елементи на зороастризам, припадниците на Исламските држави ја сметаат за еретичка.

Според екстремистите, на Јазидите, кои се заробени на сушните планини им се заканува глад и жед.

Според податоците на Обединетите Нации од јуни поради насилство во Ирак, повеќе од пола милион луѓе се раселени, со што вкупната бројка на раселени лица помина еден милион.