Арапска лига: Израел ги попречува мировните преговори за прекин на огнот

Генералниот секретар на Арапската лига го обвини Израел дека пречи при преговорите за примирје во појасот Газа, еден ден по прекинот на огнот и продолжува со борбите.

„Израел го спречува секој вид на договор кој ги водел кон смирување на напнатоста во појасот Газа“, рече Гереалниот секретар на огранизацијата, Набил Ал Араби.

Борбите меѓу израелската војска и палестински Хамас продолжија вчера во палестинската енклава со што се прекинати преговорите во Каиро кои имаа за цел договор за траен прекин на огнот по воспоставување на повеќедневно примирје во Газа.

Египет денеска наведе дека ќе продолжи со контактите со двете спротиствани страни за повторно да се дојде до прекин на огнот и да можат да продолжат преговорите за мир.