Арапската коалиција соборила ракета која летала кон Мека

Во близина на најголемото муслиманско светилиште Мека, била пресретната ракета лансирана од територијата на Јемен, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на командата на арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Балистичкиот проектил бил соборен на 69 километри јужно до светиот град. Коалицијата ја префрли одговорноста за овој напад врз јеменските шиитски бунтовници Хути, нарекувајќи го ова дејстите „очајнички обид да се наруши Хаџот“. Организираниот аџилак во Мека годинава започнува кон крајот на август.

Ова не е прв обид за гранатирање на територијата на Саудиска Арабија. Во мај годинава противвоздушната одбрана собори ракета лансирана од хуситските бунтовници на неколку стотина километери од саудиската престолнина Ријад.

Во Јемен од 2014 година продолжува вооружениот конфликт меѓу бунтовниците од племенската заедници Хути (Хусити) и нивното шиитско движење „Ансар Алаа“ и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, од едната страна, и владините сили и милициите лојални на сегашниот претседател Абд Раба Мансур Хади. Владините сили ја имаат копнената и воздушната поддршка на арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија.