Арапската лига најави формирање на сопствена воена сила

Лидерите на Арапската лига, на самитот во Египет ќе објават формирање на заедничка воена сила, која треба да се спротивстави на се поголемите безбедносни закани во регионот, јавува Ројтерс.

Изработката на механизмот и логистиката на таквата регионална воена сила, које е идеја на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, би можела да трае со месеци.

Во нацрт-документот воените сили на Арапската лига се дефинираат како доброволни, што значи дека од ниту една земја нема да се бара учество.

Од самитот на Арапската лига, исто така, ќе биде испратен повик до шиитските бунтовници во Јемен, кои се поддржани од Иран, да го напуштат главниот град и да го предадат оружјето на „легитимните јеменски власти“, пишува Ројтерс.

Регионот се соочуваат со опасност затоа што се интензивираат судирите во Јемен и Либија, а граѓанската војна во Сирија влегува во својата петта година.

Египет, најнаселената арапска земја се соочува со екстремен исламистички бунт, а исламските екстремисти на ИД окупираа делови на Ирак и Сирија и предизвикаа фракции во арапскиот свет.

САД и другите големи сили настојуваат да се постигне конечен догор со Иран околу нуклеарната програма.