Арапската лига со заедничко решение за судирите во Газа

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Арапската лига итно се состаноа во Каиро за да пронајдат решениие со кое би се сопрело крвопролевањето над палестинскиот народ, како и поради заземање на заеднички арапски став по тоа прашање, соопштува Египетската Влада.

Египет кој посредуваше во 2012 година за примирјето меѓу Израел и палестинското радикално движење Хамас сега е резервиран бидејќи сегашната Влада во Каиро е против Хамас, сметајќи дека тоа палестинско крило е против исламистичкото Муслиманско братство.

Од друга страна, Саудиска Арабија ветила итна помош од 53,3 милиони долари за жртвите од бомбардирањето во Газа, а Обединетите Арапски Емирати 52 милиони долари.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара од Обединетите Нации да ги поддржат палестинците кои се под израелска воена офанзива во појасот Газа.