Свет

Арапските држави размислуваат за формирање сојуз против исламистичките екстремисти

Арапските држави размислуваат за формирање сојуз против исламистичките екстремисти

Со цел заедно да интервенираат на Блискиот Исток, американските сојузници меѓу арапските држави – Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, размислуваат за создавање воен сојуз против исламистичките екстремисти.

Четворица египетски воени претставници потврдиле дека се водат разговори за вакво здружување.

Тие тврдат дека оваа алијанса би работела одвоено од меѓународната коалиција, предводена од САД, која извршува воздушни напади против групата Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија.

Новиот сојуз би можел да интервенира и на други воени жаришта, како на пример Либија, каде екстремистите преземале неколку градови, или Јемен, каде шиитските бунтовници имаат контрола врз главниот град.