Арапските пари ќе го менуваат грбот на Реал Мадрид

Дека парите го вртат светот е јасно како ден, а нов доказ за тоа е шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Челниците на “кралскиот клуб” склучија договор со Националната банка на Абу Даби, во кој една од клаузулите за соработка е и отстранувањето на крстот од грбот на клубот.

Измената на грбот ќе се користи само во тој регион, додека во Европа ќе продолжи да се користи старото лого.

Покрај ова, Националната банка ќе инвестира и во реконструкцијата на стадионот “Сантијаго Бернабе”, чие име исто така ќе биде променето.