Арасате заработи отказ, Сосиедад во потрага по нов кормилар

По последниот пораз во Примера, каде Реал Сосиедад загуби од Малага со 0:1, раководството на Реал Сосиедад му врачи отказ на тренерот Јагоба Арасате.

Тимот од Баскија минатата сезона успеа да се пласира во Лигата на шампионите, меѓутоа сезонава има очаен старт, а поразот од Малага ја прели чашата, па така од клубот одлучија да ја прекинат соработката со младиот и неискусен тренер.

Арасате привремено ќе биде заменет со Асиер Сантана, додека не се најде соодветно решение за клубот кој се наоѓа на претпоследната позиција на првенствената табела.

Како најсериозни кандидати за тренерската позиција на Реал Сосиедад се споменуваат Пепе Мел, Дејвид Мојс и Алехандро Сабелја.