Арбен Чејку: По 10 години ќе имаме три албански држави, вклучително и на Албанците во Македонија

Поранешниот албански амбасадор во Косово и во Македонија, Арбен Чејку, даде смела изјава дека по десет години на Балканот ќе има три албански држави во регионот, пренесуваат во вторникот албанските медиуми.

Чејку вели дека во 2028 година предвидува дека освен Албанија и Косово, ќе има и уште една албанска држава, таа на Албанците во Македонија.

„Сега веќе државотворноста на Албанците во Македонија е реалност и настаните таму ме натераа да сфатам и да предвидам дека по 10 години ќе имаме трета држава на Албанците, рече Чејку.

Според него, навистина ја одбележале десетгодишнината од независноста на Косово, но албанското прашање сé уште не е целосно решено, бидејќи се уште не им е дадено целосно право на Албанците во Македонија.