Арда не преговара со некој англиски клуб

Ахмет Булут, агентот на турскиот интернационалец од редовите на новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Арда Туран, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека неговиот клиент преговара со неколку клубови кои се натпреваруваат во англиската Премиер лига.

“Забележав неколку текстови во кои главна тема е мојот клиент. Се пишува дека јас и Арда се оствариле контакт со неколку клубови кои се натпеваруваат во англиската Премиер лига. Тоа не е точно, не сме преговарале со ниту еден клуб. Јас, со ниту еден клуб не сум остварил било каков контакт, а особено со некој кој се натпреварува на Островот. Сега не е вистински момент за да збориме и да се замараме со оваа тема. Не е време за трансфер шпекулации”, изјави агентот на репрезентативецот на Турција.