Арда Туран официјално претставен во Барселона

Одличниот турски репрезентативец, Арда Туран од денеска и официјално е нов член на европскиот шампион Барселона.

Тој стави потпис на петгодишниот договор со што беше комплетиран неговиот трансфер од Атлетико Мадрид вреден 41 милион евра.

Arda press

„Имав многу понуди на маса, но кога разбрав и дека Барселона е во игра ги одбив сите. Сите оние кои ме познаваат знаат оти сонував да играм за Барселона уште како дете. Среќен сум што дојдов во најдобриот клуб на светот, ќе го дадам најдоброто од мене. Јас сум голем борец и сакам да победувам. Мислам оти тука луѓето ќе го видат најдоброто од мене“, истакна Арда на промоцијата.

arda2

Офанзивниот фудбалер како и Алеиш Видал кој пристигна од Севилја ќе мораат да почекаат до јануари за првиот нивен настап во дресот на шпанскиот гигант, а причината за тоа е казната која Барса ја има од Светската фудбалска федерација (ФИФА).