Спорт

Арда Туран се сели на Ноу Камп

Арда Туран се сели на Ноу Камп

Претседателот на каталонскиот гигант Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на турскиот интернационалец од редовите на новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Арда Туран.

Првиот човек на каталонскиот гигант е убеден дека се потребни околу 25 милиони евра за да се осигураат услугите на 27-годишниот играч за врска.

Одличниот играч за врска подолг временски период важеше го голема желба на вицешампион на Англија, тимот на Ливерпул, но репрезентативецот на Турција во последното интервју кое го даде за познатиот спортски весник во Шпанија, „АС” изјави дека неговата фамилија е заљубена во Шпанија и дека сака да остане на Приринеите уште неколку сезони.