Арда Туран во комбинација за дуелот против Реал Мадрид

Клупскиот доктор на новиот шампион на Шпанија, потврди дека повредата која турскиот интернационалец Арда Туран ја заработи на последниот првенствен натпревар против Барселона не е од посериозен карактер и дека одличниот играч за врска ќе биде во комбинација за финалниот натпревар од Лигата на шампиони.

„Станува збор само за оток во пределот на мускулот, добро е што не е ништо посериозно. Арда веќе оваа седмица ќе може да тренира со остатокот на тимот, така што неговиот настап во финалето в сабота не е доведено во прашање“, изјави клупскиот доктор.