Аргентина го освои Дејвис Купот

аргентина

Хуан Мартин Дел Потро и Федерико Делбонис успеаја негативата од 1:2 по првите два дена да ја претворат во конечна победа од 3:2 за прв историски трофеј на нивната земја.

Дел Потро иако губеше со 2-0 во сетови од Марин Чилиќ, на крајот славеше победа со 3-2 и го изедначи резултатот на 2-2, па финалето во Загреб синоќа го реши Делбонис по убедливите 3-0 против Иво Карловиќ.

Хрватска пропушти убава шанса по втор пат да го освои трофејот од престижното натпреварување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.