Аргентина со Агуеро ќе ја напаѓа Холандија

Даниел Мартинез, репрезентативниот доктор на Аргентина ги израдува најверните фанови на популарните “гаучоси” со изјавата дека брзоногиот напаѓач, Серхио Агуеро повторно тренира со полн интензитет и ќе биде во комбинација за полуфиналниот дуел против селекцијата на Холандија кој се игра во среда со почеток во 22:00 часот.

“Три дена тренира со полна пареа и можам да потврдам дека е во комбинација за полуфиналниот дуел против репрезентацијата на Холандија. Не чуствува никаква болка, спремен е за игра”, изјави репрезентативниот доктор на Аргентина

Напаѓачот на Манчестер Сити заработи незгодна повреда на бутниот мускул за време на последниот натпревар од групната фаза, против селекцијата на Нигерија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.