Аргентинската подморница пријавила пожар пред исчезнувањето

Аргентинската подморница која исчезна во јужен Атлантик на 15-ти ноенвери пред да го изгуби радио-контактот пријавила пожар на батериите, соопшти во понеделникот аргентинската воена морнарица.

Краткиот спој предизвикал чад без оган и пожарот е изгаснат, изјави портпаролот на морнарицата Енрике Балби на конференцијата за медиумите емитувана во живо на кабелската телевизија TN ноќта кон вторникот по средноевропско време, од морнаричката база во Мар дел Плата, матичната на исчезнатата подморница.

Балби ја отфрли можноста за напад, но предупреди дека краткиот спој или пожарот можел рапидно да го намали количеството на кислород во подморницата АРА „Сан Хуан“, на кој се наоѓале 44 членови на екипажот.

Аргентинската морнарица во неделата ги отфрли медиумските извештаи за наводни неправилности со одржувањето на подморницата, произведена во Германија и ставена во составот на аргентинската воена морнарица во 1985 година.

Во јужниот дел од Атлантскиот Океан продолжува потрагата по подморницата со ознака „S42 San Juan“ на поморските сили на Аргентина. На 31-ви октомври та испловила од базата во градот Мар дел Плата, во покраината Буенос Аирес во централниот дел на земјата, со 44 членови на екипажот. Последната комуникација со подморницата кога екипажот ја одредил локацијата била на 15-ти ноември, во 7,30 часот по локални време, кога била оддалечена на 432 километри од брегот на полуостровот Валдез, во покраината Чибут, на 1.300 километри јужно од престолнината Буенос Аирес.

Меѓународната организација Договор за сеопфатна забрана на нуклеарните тестови (CTBTO) извести минатата седмица за експлозии недалеку од Заливот Сан Хорхе, 430 киломери од брегот и исто така 1.300 километри јужно од Буенос Аирес.

Две станици на CTBTO регистрирале невообичаен сигнал, соопшти оваа организација во писмена изјава минатата седмица, во којашто се додава дека оваа информација им е пренесена на аргентинските власти кои ја координираат потрагата по подморницата „Сан Хуан“.

„Информацијата се совпаѓа со ‘хидро-акустичната аномалија’ којашто ја регистрирале сензорите на САД и на меѓународната организација“, изјави тогаш Балби.

Според податоците коишто им биле доставен на властите на Аргентина, експлозијата била регистрирана во 10,31 часот по локално време, а последниот контакт со подморницата бил остварен во 7,30 часот.

Семејствата на членовите на екипажот на веста за експлозијата реагираа со обвинување дека морнарицата ги игнорирлае техничките проблеми со подморницата, додека владата ги негираше намалувањето на буџетот за одбраната.

Во меѓувреме продолжува потрагата по подморницата. Местото на којашто е регистрирана експлозијата, исто така, го надлетува авион „Boeing P-8 Poseidon“ на американските воздухопловни сили.

Седум бродови го прегледуваат дното на океанот во областа за којашто се верува дека е најверојатната локација на „Сан Хуан“.

Американската морнарица објави дека испратила беспилотни подморници опремени со сонар. Во петокот во Аргентина пристигна и рускиот авион кој поседува опрема којашто е способна да ги прегледува теренот на 6.000 метри длабочина. Во потрагата се вклучени и бродови од Бразил, Чиле, Велика Британија и други земји.