Аргентинскиот потпретседател обвинет за корупција

Амадо Буду е првиот аргентинскиот потпретседател кој е обвинет за корупица во време кога бил министер за економија. ова за прв пат се случува во Аргентина, еден политичар чиј мандат е во тек да биде обвинет за вакво дело.

Амадо Буду се обвинува дека за време на својот мандат како министер за економија, пред неколку години, наводно спасил од банкрот печатница за пари која потоа била продадена на негови деловни пријатели. Имено, печатницата во 2010 година со помош на даночни олеснувања, за кои тогаш се застапувал Буду, е спасена од банкрот, а потоа во 2012 година таа добила налог од страна на владата да печати нови банкноти.

Судијата определи кауција од 200.000 пезоси или 18.000 евра за Буду, кој во моментов е на службен пат во Куба и во Аргентина треба да се врати наредната недела. Покрај Буду, обвинение е подигнато и против деловен пријател на потпретседателот, осомничен купувач на печатницата, двајцата претходни сопственици на печатницата и поранешен службеник во министерството за финансии.

Опозицијата побара оставка на Буду уште во текот на истражната постапка или принуден одмор до моментот додека не падне пресудата. Вицепретседателот ја критикува постапката како политички прогон. Буду, кој стана потпретседател во 2011 година, ги отфрла обвинувањата.