Македонија

Археолошкиот музеј ќе соработува со Здружението на туристички водичи

Археолошкиот музеј ќе соработува со Здружението на туристички водичи

Археолошкиот музеј на Македонија и Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија денеска ќе потпишат меморандум за соработка со што ќе го одбележат Меѓународниот ден на туристичките водичи 21 Февруари.

Целта на меморандумот е промовирање на културното наследство и зголемена организирана посета на Музејот од домашни и од странски туристи.

Документот ќе го потпишат директорката на Музејот Весела Честоева и претседателот на Здружението Бранко Босилков.