Македонија

Археолошкиот музеј на Македонија меѓу 15-те најдобри во Европа

Археолошкиот музеј на Македонија меѓу 15-те најдобри во Европа

Археолошкиот музеј на Македонија се вброи во 15-те најдобри музеи од Европа на јубилејното 20. доделување на Европската музејска академија – „LUIGI MICHELETTI AWARD“ што се одржа во Бреша, Италија.

Делегација на Археолошкиот музеј на Македонија учествуваше на јубилејното издание на оваа музејска академија во Бреша од 7 до 9 мај.

Делегација на Археолошки музеј Бреша Како единствен од балканските земји чија што кандидатура е прифатена во потесниот круг, тимот на Археолошкиот музеј на чело со директорката Весела Честоева и претставникот на ЕМА за Република Македонија Гордан Николов, го презентира македонското културно историско наследство сместено во новиот објект во Скопје. Археолошкиот музеј на Македонија на европската репрезентативна мапа на самиот настан во Бреша беше претставен со нашето уставно име, соопшти Археолошкиот музеј.

– Музејот ја има за цел потврдата на националниот идентитет врз основа на собраното, третираното и презентираното наследство. Судиите од жирито имаат чувство дека овој доста млад музеј ќе даде импакт на Балканот преку пример за модернизација, стои во извештајот на жири комисијата.

Директорката на музејот Честоева, како што е наведува во соопштението, изрази задоволство од постигнатото и оствари контакти со претставници на другите музеи од Европа со цел воспоставување на заемна соработка.