ВИДЕО: Архитектот на „Брегзит“ бара од Европарламентот истрага за Џорџ Сорос и Институтот Отворено општество

Архитектот на „Брегзит“, Најџел Фараџ, во говор во европскиот парламент, жестоко го нападна Џорџ Сорос за наводната поддршката која американскиот милијардер ја дава на Европскиот проект, објавува „Euronews“, пренесува НетПрес.

Во обраќањето пред европратениците, Фараџ рекол дека влијанието на Сорос во Брисел и Стразбур е „навистина извонредно“.

Филантропот Сорос, кој е по потекло од Будимпешта, неодамна донираше 18 милијарди долари (15,2 милијарди евра) на Фондацијата Отворено општество, која ја основал во 1979 година за да ги поддржи залагањата за човековите права, да ги промовира либералните вредности и да изгради „енергични и толерантни општества“, потсетува „Euronews“.

Фараџ, зборувајќи за време на дебатата за финансискиот скандал од светски размери „Рајски документи“, рекол:

Кога зборуваме за офшор пари, кога зборуваме за политичка субверзија, кога зборуваме за заговор, се прашувам дали гледаме на погрешно место? Го велам ова бидејќи Џорџ Сорос неодамна му донираше на Отвореното општество 18 милијарди американски долари, што секако подразбира за кампањи за слободна миграција на луѓето и за наднационални структури како што е Европската унија. И неговото влијание тука и во Брисел е вистински извонредно. Се плашам дека можно е да гледаме во најголемото ниво на меѓународен, политички заговор во историјата.

Фараџ, чии воведни зборови во говорот биле исполнети со извици на „па што?!“, тврдел дека Институтот Отворено општество може да се пофали со повеќе од 40 состаноци со Европската комисија, лани, а и дека Институтот објавил книга на сигурни пријатели во Европскиот парламент.

Тој побара истрага и рече дека ќе на писмено ќе побара од своите колеги пратеници да му одговорат дали добиле финансиски средства од Сорос.

Во изјава за „Euronews“, од Институтот Отворено општество соопштиле:

Плуралистичката демократија бара дебата и дијалог меѓу широк спектар на засегнати страни, вклучувајќи ги избраните претставници, јавните службеници и актерите на граѓанското општество. Далеку е од тоа да биде злобна активност, како што изгледа мисли господинот Фараџ, таквите разговори се важен дел од дебатите за демократска политика. Џорџ Сорос никогаш не финансирал поединечни пратеници. Фондациите на Институто Отворено општество и нивниот претседател Џорџ Сорос се горди на нашата работа во текот на неколку децении, вклучувајќи ги и активностите во Велика Британија, за унапредување на човековите права, зајакнување на владеењето на правото и одговорност на владите кон луѓето на кои им служат.

Сорос, сепак, останува контроверзна личност во Унгарија, особено за поддржувачите на премиерот Виктор Орбан, се вели во информацијата на „Euronews“.

Орбан, кој неодамна беше избран да ја предводи партијата Фидес на изборите следната година, го обвини Сорос за непријателство кон него.

Некои земји во Европа одлучија да го надминат христијанството и нивниот сопствен национален карактер. Тие сакаат да влезат во постхристијанска, постнационална ера. За да го извршат планот на Сорос, тие сакаат да ги искоренат владите што цврсто ги претставуваат националните интереси низ Европа, а тоа не’ вклучува и нас. Тие дејствуваат како што некогаш дејствуваа агитпроп советските агенти (тајни агенти за агитирање и пропаганда, особено во полето на културата и уметноста Н.З.). Старите воени коњи ги познаваме по нивниот мирис, потсетува „Euronews“ на еден од говорите на Орбан.