Анализи

АНАЛИЗА: КГБ Архивата на Митрокин

АНАЛИЗА: КГБ Архивата на Митрокин

Тие беа двајца од најозлогласените двојни агенти во Велика Британија, одговорни за предавање на некои од најголемите и најчуствителните тајни на оваа земја на Русија, но документите откриваат дека Гаj Бургас и Доналд Меклин биле видени во еден антипатичен начин од нивните Советски мајстори, пишува весникот „Индипендент“, пренесува Нетпрес.

Меѓу илјадниците искуцани руски документи од архивата Митрокин, отворена за јавноста за прв пат претходната недела, тие опишуваат како Бургас, кој бил „постојано пијан“, ги ужаснувал неговите контролори од КГБ заради тоа што се тетеравел при излегувањето од еден клуб една ноќ и и му испаднале украдените документи од Форин Офисот на тротоарот. Москва исто така била постојано информирана за опуштениот јазик и испадите со алкохол на Доналд Меклин.

Излегува дека најценетиот шпион сепак била извонредната Мелита Норвуд, со прекар „Шпионот кој влезе од Ко-оп“, која починала во 2005 година на 93 години. Таа никогаш не била прогонувана и никогаш немало ниту да биде откриена доколку не постоела архивата на Василиј Митрокин, виш офицер во Советската политичка полиција, кој ги одонел документите во Британија откако избегал.

Кога беше откриена во 1999 година, живеела мирно во Бекслихит и ладно одбила да се извини за своето минато. Од 1937 до 1971 таа предавала информации на Советскиот сојуз, кои ги собирала додека работела како личен асистент на претседателот на Британската Асоцијација за истражување на метали. Оваа Асоцијација работела на нуклеарна технологија. Советскиот сојуз и исплаќал по 20 фунти месечно цели 11 години. Тие и понудиле награда кога била на посета кај нив во 1979 година, но таа одбила.

pg-22-kgb-2-pa

Уште еден исклучително важен шпион исто така добро чуван од очите на јавноста, а нејзиното или неговото име сеуште е непознато.

Русија поседува запрепастувачка колекција за која се верува дека ги содржи сите преписки од и до Форин Офисот или секоја поголема Британска амбасада во периодот од 1924 до 1936 година. Архивата на Митрокин открива дека тие биле предавани на Советското разузнување преку неименувани шифрирани службеници, кои работеле во амбасадата во Рим.

Постои изобилство од  документи кои го осудуваат кардиналот Карол Војтла, идниот Папа Јован Павле II, како опасен и како анти-комунист. Други документи, пак, откриваат огромен број на агенти на КГБ кои биле испратени на терен за да го дестабилизираат комунистичкото водство на Чехословачка во текот на 1968 година во текот на Прашката Пролет, кога за првпат луѓето кои живееја во комунизмот добија право на слободен говор.

Понатаму, други документи кои можат да бидат најдени во архивскиот центар на колеџот Черчил, Кембриџ, покажуваат докази дека Дик Клементс, кој работел за Лабуристите, исто така бил на платниот список на Советскиот таен сервис.

Дик Клементс бил уредник на „Трибјун“ од 1961 до 1982, кога лидерот на лабуристичката партија го поканил да дојде во седиштето на партијата и да ја води приватната канцеларија на претседателот и да ја извршувал функцијата на извршен директор до 1987 година.

Клемент признал дека се сретнал со Советски претставници, но негирал дека тие имале било какво влијание во уредничката политика на „Трибјун“. Ја исмеал идејата дека можеби тоа бил агентот „Ден“.

Сепак најинтересната приказна поврзана со документите на Василиј Митрокин е неговата сопствена.

Во 1972, КГБ одлучиле да ја релоцира големата архива и Митрокин 12 години бил службеникот одговорен за префрлање на документите од Лубјанка на нивната нова локација. Како што ги каталогизирал, тој правел копија на секој од нив во една мала зелена тетратка по линии.

pg-22-kgb-1

Тој се пензионирал 1984 година, на 62 години, и сакајќи ова богатство да го сочува, но без идеја како да го прошверцува сето тоа надвор од Советскиот сојуз.

Кога Советскиот сојуз се распадна во 1991 година, Балтичките земји излегоа надвор од руската контрола, но вообичаените строги гранични контрол сепак постоеле. Митрокин отпатувал до еден од главните градови во Балтичките држави, најверојатно Рига, носејќи со себе торба полна со документи скриена под нечиста долна облека.

Тој намерно изгледал издрпано и валкано со цел да го избегне вниманието и љубопитноста на граничарите. Му пропаднал обидот да го ислушаат во американската амбасада, па отишол во Британската амбасада каде што службениците го понудиле со чај и ги зеле документите да бидат испитани од експерти. Британското разузнување набрзо открила дека се сретнале со она што ФБИ подоцна го нарекува „ најкомплетната и најекстензивна интелигенција било кога примена од било кој извор“.

Документите припаѓаат на семејството Митрокин, кои живеат во Велика Британија, иако никој освен избери малкумина знаат каде и под кое име.