„Ариел Шарон беше брилијантен воен, силен политичар и водечки државен деец“

Поранешниот премиер на Израел, Ариел Шарон беше брилијантен воен, силен политичар и водечки државен деец, изјавил претседателот на руската Дума, Сергеј Наришкин, кој ја предводи руската делегација на погребната церемонија за смртта на поранешниот премиер, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Ариел Шарон ќе биде запаметен како многу решителен, храбар и силен човек. Во Русија тој е познат како човек, како политичар, кој заземаше многу силен став за такви прашања, како што е односот со нашата земја и развојот на пријателските врски. Тој одигра голема улога во реконструкцијата на Израел како државаЕ, рече Наришкин .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.