Ариен Робен лобира за Весли Снајдер

Крилниот напаѓач на актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн (М), Ариен Робен испрати јасна порака до селекторот на Холандија, Луи ван Гал, дека репрезентацијата има потреба од еден фудбалер каков што е играчот за врска од редовите на Галатасарај, Весли Снајдер.

“Весли Снајдер е многу важен фудбалер за репрезентацијата на Холандија. Тоа го изјавив и пред неколку месеци и не станува збор за никаква тајна, сите знаат какво е моето мислење околу Снајдер. Весли секогаш ниди нешто ново, нешто екстра кога е во топ форма. Мислам дека Снајдер е во одлична форма и дека заслужува да биде дел од престојниот Мундијал во Бразил. Мора да ја искористиме неговата добра форма. Јас сум голем фан на Снајдер, но нема потреба од никаква компарација, не смееме да го споредуваме со тој Снајдер од пред четри години”, изјави Робен