Арифи потврди дека СДСM и ДУИ го договориле новиот закон за јазици, собраниски и владини седници на aлбански јазик (ВИДЕО)

Тетовската градоначалничка и висок партиски функционер на ДУИ, Теута Арифи, во своето гостување во емисија на телевизија Арт вели дека СДСМ и ДУИ го договориле новиот закон за јазици, според кој собраниски и владини седници ќе се воделе на албански јазик.

Запрашана да ги решиле прашањата за официјална употреба на албанскиот јазик со нивниот партнер, Арифи рече:

 

„Да, тоа е дел од договорот кој го имаме за употреба на албанскиот јазик, што значи во законот за употреба на албанскиот јазик се предвидува водење на парламентот на албански јазик. Значи, кога законот ќе дојде во парламентот и кога ќе се изгласа од парламентот, нормално дека претседателот на Собранието ќе може да ги води седниците на албански јазик, исто и функционерите на владините седници ќе можат да го користат албанскиот јазик. Ова е дел од Предлог- законот за употреба на албанскиот јазик за кој имаме договор“, рече градоначалничката на Тетово.

 

Засега нема други детали околу законот, освен озаконување на водењето на седниците на албански јазик. Останува отворено прашањето дали ДУИ ќе добие двојазичност на цела територија или Али Ахмети ќе се задоволи со помали отстапки. Функционерите на ДУИ веќе не спомнуваат униформи на албански јазик, ниту менување на банкнотите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.