Арифовска, Џорлев и Даутовски со целовечерен концерт во Италија

Македонските музички виртуози, Бајса Арифовска, Зоран Џорлев и Ратко Даутовски, утревечер, ќе одржат целовечерен концерт во рамки на светскиот реномираниот фестивал „Трансмишн“.

Фестивалот, по седми пат, го организира Bronson продукција, а концертот на Арифовска, Џорлев и Даутовски ќе се одржи во театарот „Artificerie Almagia“, Равена, Италија. Вечерта, на истата сцена, ќе се дружат со врвниот кавалист Неделко Неделков од Бугарија, Балаш Унгер – cимбалист од Унгарија и King Naat Veliov и „Кочани оркестар“.

Побарање на фестивалот, оваа музичка тројка ќе изведетрадиционални мотиви од Македонија, адаптации и авторски дела на Арифовска и маестро Џорлев.

„Навистина изразувам голема благодарност на Карол Силверман, професор по антропологија и фолклор на Универзитетот во Орегон, што јас сум нејзина препорака од Македонија за настап на овој реномиран фестивал. За нас ова е настан од големо значење, кој гледано културолошки, уште еднаш го потврдува се поголемиот интерес и потребата за квалитетна презентација на нашиот национален музички израз во светски рамки“, објаснува Арифовска.

За неа, посебно задоволство е соработката со маестроЗоран Џорлев, со кој што покрај заедничките активности во Националниот ансамбал за народни песни и игри „Танец“, во последниов период соработуваат одлично, при што меѓусебната размена на искуства резултира сокомпактност, освежување и новитети вонивниотмузички израз. Бајса и Ратко, пoвеќе оддесетина годинисе дел од„ДД“ квартетот.

Освен нашите македонски музичари, на фестивалот настапуваат и многу познати имиња од САД, Шведска, Унгарија, Турција, Србија.