АРМ активирана за помош во справувањето со невремето

По повод невремето што ја зафати државата и особено Скопскиот регион претседателот на Република Македонија и врховен командант Ѓорге Иванов ја задолжи Армијата да ги стави сите расположливи капацитети на располагање со цел да се помогне во санирањето на штетите предизвикани од невремето.

Одговорни лица од АРМ во координација со формираните кризни штабови веќе упатиле дел од своите единици на местата кои се сметаат за најкритични во моментот и тие се вклучени активно во помош на загрозените граѓани.