АРМ ќе ја презентира новата униформа

 Во Домот на АРМ во Скопје денеска ќе биде презентирана новата службена униформа на Армијата.

На презентацијата на новата службена униформа ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од МО и ГШ на АРМ, претставници од кабинетот на претседателот на Република Македонија и пензионирани генерали на АРМ.

Како што е најавено, првпат ќе биде презентирана новата службена униформа, која ќе ја носат офицерите и подофицерите на АРМ, чија изработка се очекува да  се реализира во текот на наредната година.