АРМ помага во уредувањето на коритото на Отиња во Штип

Уредувањето на коритото на река Отиња во Штип се одвива брзо и покрај зголемувањето на темперетурите. Уште од раните утрински часови, дузина работници успешно го спроведуваат концептот за констуркција на речно корито од камен, поставување на пешачки патеки и хортикултурно уредување.

Веќе еден месец успешно се работи на третиот дел од коритото кое се протега од мостот кја гимназијата па се до мостот кја соборниот храм „Свети Никола“. Оваа недела на работниците им се приклучија и војници од штипската касарна кои помагаат во реализација на идејата на овој клучен проект за Штип, пренесува порталот „1.мк“.

photo 2

За само еден месец, половина од третата траса е завршена. Поставена е половина од пешачката патека од двете страни а од вчера има и клупи, така што во вечерните часови граѓаните можат и да одморат и рекреираат. Секако, глобалната слика ќе биде уште поубава по финализирањето на третиот дел.

photo 3

Со трите уредени сегменти, запуштеното корито сега е урбанизирано и претворено во претставително место на градот. Градежните активности се со висок квалитет, имајќи во предвид дека и покрај половичното завршување, речното корито го издржа на два пати притисокот на водата од дождовите.

Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев вели дека сега и штипјани имаат појасна перцепција за тоа како ќе изгледа коритото, тоа им се допаѓа и затоа целиот проект наидува на голема поддршка.