Македонија

АРМ се вклучува во хуманитарна акција за помош на загрозените семејства

АРМ се вклучува во хуманитарна акција за помош на загрозените семејства

Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи граѓани „Градиме иднина“ во соработка со Армијата на Република Македонија, од денеска почнува со организирање на хуманитарната акција „Сите зедно да им помогнеме на загрозените семејства во Република Македонија“.

Во рамките на акцијата до 9-ти април годинава секој хуман граѓанин ќе може да донира колку може, а припадниците на АРМ ќе донираат по еден дневен оброк, кој ќе се донира ширум Македонија во семејства кои се со социјален ризик. Во рамки на хуманитарната акција ќе се прибираат донации во храна, конзерви, школски прибор, хигиенски средства и други продукти.

Од Градиме иднина ги повикуваат сите граѓани припадници на социјално ранливи групи, невработени, семејства кои се со пет или повеќе члена, баби и дедовци кој чуваат внуци и внуки на починати и разведени родители,… на кои им е потребна храна, облека, обувки, почнувајќи од денеска заклучно со 4 април годинава да се пријават во Здружението.