АРМ во 2015 година ќе вработи 250 професионални војници

Армијата на Република Македонија во текот на 2015 година ќе прими 250 професионални војници.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Горанчо Котески денеска ги посетија кандидатите за професионални војници кои ја поминуваат третата фаза од проверката.

-Министерството за одбрана го започна првиот циклус на прием на 125 професионални војници на Армијата на Република Македонија во текот на јанури. До 2-ри февруари се пријавија 1007 кандидати, а по проверката на нивните документи утврдивме дека 38 од кандидатите се постари од 25 години, со што не го исполнуваат тој условов а 18 кандидати имаа нецелосни документи, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Започнати се првите три фази: психолошки тест, општообразовен тест и проверка на физичка способност. Сите оние кои ќе ги поминат овие три елиминациони фази одат на лакеаркси преглед, по што следат следните две фази: пливање на 50 метри и селективниот курс кој трае 24 дена.

-По завршувањето на овие фази се избираат 125-те професионални војници и тие ќе бидат примени во Армијата на Република Македонија со што ќе започне 6 месечна специјалистичка обука, заклучи Јолевски.