АРМ: „Волците“ успешно ја презентираа својата обученост во Германија

Како што соопштија од АРМ, Македонските „волци“ во извонредно реални вежбовни услови на полигон од околу 200 километри квадратни со изработени населени места и професионални статисти, преку спроведување на  директни акции, специјално извидување и синхронизирано воено асистирање извежбуваа тактики, техники и процедури од областа на неконвенционалното војување.

На вежба, во организација на командата на Армијата на САД за Европа учествувале околу 2.770 припадници на армиите на САД, Македонија, Канада, Чешка, Унгарија, Словенија, Италија, Германија, Франција, Естонија, Летонија и Холандија.