четврток, 23 февруари 2017  |  Вести денес: 49

Армјата ќе го обезбедува карневалот во Рио

Во Бразил денеска почна распоредување војска пред престојниот карневал во Рио де Жанеиро, поради неодамнешните протести и нискиот морал во полицијата.

рио

Поврзани вести

Министерството за одбрана соопшти дека ја мобилизира армијата за вториот по големина град во државата со цел обезбедуавње на карневалот што почнува за десетина дена.

Моментно нема информации за размерите на распоредената војска, но се очекува министерот за одбрана Раул Јунгман да одржи прес конференција. Одлуката е преземена по штрајкот во полицијата поради незадоволство од задоцнетите плати и лошите работни услови, иако по Уставот на полицијата и е забрането да протестира.

Најчитани вести