Армстронг ќе мора да плати 10 милиони долари оштета

Поранешниот американски велосипедист, Ленс Армстронг и “Тејлвинд спортс” го изгубија судскиот спор со осигурителната компанија “СЦА Промоушнс”, поради што ќе мора да платат казна од 10.000.000 долари.

Компанијата “СЦА Промоушнс” во 2006 година на Армстронг му исплати бонус од 7.500.000 долари поради седум освоени титули на Тур де Франс, но откако се дозна дека Американецот на нелегален начин стигнал до тие признанија, веднаш преку судска постапка си ги побараа парите назад, а судот одлучи во нивна корист.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.