Армстронг се спогоди и плати 5 милиони долари за допингот

Поранешниот американски велосипедист, Ленс Армнстронг (46) се спогодил со властите на САД и се согласил да плати казна од пет милиони долари поради допинг и на тој начин го избегна судскиот процес и можната казна од 100 милиони долари.

US Postal, која го спонзорираше велосипедистот, тврдеше дека Армнстронг ги измамил даночните обврзници земајќи милиони долари од државната агенција, а во исто време се допингувал.

Натпреварувач кој намерно користи недозволени средства не ги мами само своите конкуренти и обожаватели, туку и спонзорите кои му помагаат при спортските натпреварувања, изјави државниот правобранител Чад Ридер.

Од друга страна, Армстронг на спогодбата гледа како на победа.

Мило ми е што го решив овој случај и тргнав напред со својот живот. Се радувам што ќе им се посветам на многу убави работи во животот- сопругата, петте деца, пишувањето и филмските проекти, како и добротворната работа со болните од рак- рекол Армстронг.

Тој потенцираше дека сакал да ја „закопа воената секира“ со US Postal, иако верува дека нивната акција била неправедна и без основа.

Пред пет години ја преземав полната одговорност за своите грешки и се обидов да се искупам. Секој пат кога седнував зад воланот на тимот на US Postal возев со сето срце и секогаш бев горд што го носам нивното лого на градите, рече поранешниот велосипедист.

Неговиот поранешен тимски колега, Флојд Лендис кој во 2010 година призна дека се допингувал и го обвини Армстронг дека го прави истото, како виркач има право на 25 отсто од спогодбената сума.

Армстронг првично ги отфрлаше тврдењата на Лендис, но во јануари 2013 година гостувајќи кај Опра Винфри призна дека со години се допингувал со тестостерон хормони на раст и други средста, а силата ја зголемувал и со  трансфузии на крв.