четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Арнаудов: Поднесовме амандман на Ребалансот на Буџетот за штети од земјотресот во охридско

Во просек субвенцијата, според Арнаудов, треба да изнесува 37.500 денари по кревет или севкупно околу 10 милиони евра, бројка која би требало да биде исплатена само за директни штети

ljuben arnaudov

Поврзани вести

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид поднесаа амандмани на ребалансот на Буџетот со коишто се предвидува субвенционирање на штетите од земјотресите и субвенционирање на станоиздавачите кои на свој грб го чувствуваат недостигот од домашни гости поради зачестените земјотреси кои го зафатија градот и регионот, рече во понеделникот пратеникот Љубен Арнаудов.

Посочи дека Охрид отсекогаш преставувал главна туристичка дестинација во Македонија, како на домашни, така и на странски туристи и гости. Арнаудов предочи дека владата која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ направила огромни напори и создала услови за привлекување голем број странски туристи и оти бенефитите од ваквите програмски цели можат да се согледаат кога градот изобилува со странски туристи.

„За жал, ситуацијата не е иста со домашните туристи, поради зачестените земјотреси и паниката која со тоа се шири. Процените велат дека бројот е значително опаднат, повеќе од 80 отсто од резервации се откажани, а останати се само субвенционираните туристи со мерките на владата на ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Аранудов.

Појасни дека најголема штета од земјотресите имаат станоиздавачите, од кои повеќето имаат земено и кредити, со кои инвестирале во своите објекти и се надевале дека ќе можат да ги вратат преку добивката остварена во текот на туристичката сезона, но и да заработат нешто како би ја обезбедиле својата егзистенција.

„Додека станоиздавачите и хотелиерите се соочуваат со егзистенцијални проблеми, владата на СДС молчи, иако има обврска да се грижи за граѓаните“, обвини Аранудов.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ притоа прецизираше дека во Охрид има вкупно 17.000 легла, од кои 13.500 на станоиздавачи и 3.500 во хотелскиот сектор. Во просек субвенцијата, според Арнаудов, треба да изнесува 37.500 денари по кревет или севкупно околу 10 милиони евра, бројка која би требало да биде исплатена само за директни штети, додека треба да се пресметаат и индиректните штети како за бродарите, угостителските објекти итн.

„СДС наместо да одвојува огромни суми на пари за набавка на октоподи и друг вид морски плодови кои ќе се најдат на нивните трпези во владата, да го изгласаат заедно со нас овој наш предлог кој е за доброто на Охрид и неговите граѓани. СДС наместо да одвојува милиони за вработување на своите партиски послушници и соросови активисти, треба да покаже доблест и да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде нормална сатисфакција за станоиздавачите и хотелиерите во нашиот град“, апелираше Арнаудов.

Најчитани вести