понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Ароматично телешко месо и бадем палачинки

35cf9309e8c39135f16f3dbce33c7903_header

Последни вести

Ароматично телешко месо и бадем палачинки е наш предлог за денешниот ручек.

Еве ги рецептите:

Мирисно телешко месо

Состојки

1,2 кг телешки бут

600 гр црвен кромид

1 врзоп влашец

2-3 големи гранчиња рузмарин (или 1 рамна лажичка сув)

2 гранчиња естрагон (или 1 лажичка сув)

150 до 200 мл бело вино

1 чешне лук

40 гр путер

Бибер и сол

Состојки за сос

2-3 лажички масло

100 гр бадеми

1 чешне лук

4 лажички крем сирење

1 кутлача сок од печењето

Подготовка

Прво сите ароматични билки добро измијте ги. Влашецот ситно исечкајте го со рузмаринот, естрагонот и мајчина душичка, измешајте ги со растопениот путер, солот и биберот.

Потоа, расечете го месото од сите страни за да добиете една голема шницла или пак замолете тоа да го направат за вас во месарата од каде ќе го купите месото. Исчукајте го, намачкајте го со подготвениот путер и добро врзете го во вид на ролат.

Од сите страни, доколку сакате, ставете гранчиња рузмарин. Месото ставете го во сад и печете околу 20 минути на 220 степени, прелијте со вино, додајте ситно исечкан кромид, па намалете ја температурата на 180 степени и печете уште еден час.

Подготовка на сосот:

Испржете ги бадемите на 2-3 лажички масло во помало тавче, па изблендирајте ги со крем сирењето, исчистениот лук, сол, бибер и кутлача од соковите во кои се печеше месото.

Послужување:

Печењето послужете го исечено на парчиња со сосот од бадеми на страна.

badem palacinki

По одличното главно јадење за десер ви предлагаме палачинки со бадеми.

Потребни состојки

2 шољи брашно

2 лажички прашок за пециво

1 лажичка сода бикербона

½ лажичка сол

3 лажички шеќер

2 јајца изматени со со виљушка

3 шољи јогурт

4 лажици стопен путер

1 лажичка екстракт од бадем

Јаворов сируп

Мелени бадеми

Подготовка:

Измешајте брашно, прашок за пециво, соба бикербона, сол и шеќер, потоа додајте ги јајцата, јогуртот, стопениот јогурт и бадемовиот екстракт и измешајте така што ќе ви останат мали грутки.

На загреана тефлонска тава ставете малку путер да се стопи и со кутлача сипете од палачинките во тавата и печете околу 2 ½ минути од едната страна, па свртете ги и печете уште една минута.

Повторувајте ја постапката додека имате тесто за палачинки.

Палачинките наредете ги една врз други, а меѓу секоја ставете јаворов сируп и мелени бадеми.

На крај, ви посакуваме пријатен апетит!

Најчитани вести