Арсен Дедиќ ќе биде погребан далеку од очите на јавноста

Арсен Дедиќ ќе биде погребан далеку од очите на јавноста
Арсен Дедиќ ќе биде погребан далеку од очите на јавноста

Погребот на хрватскиот кантавтор , Арсен Дедиќ кој почина синоќа на 77-годишна возраст, ќе се одржи во Загреб, далеку од очите на јавноста во кругот на неговото семејство, бидејќи тоа била негова желба, јавува порталот „Sibenskiportal.hr“.

Комеморацијата за починатиот музичар ќе биде одржана во неговиот роден Шибеник. Точното време не е одредено.

Арсен Дедиќ со сопругата Габи Новак со која беа во брак 40 години
Арсен Дедиќ со сопругата Габи Новак со која беа во брак 40 години

Арсен Дедиќ го поминал своето детство во улицата Никола Тесла во Шибеник, но неговите соседи не бил расположени за изјави бидејќи како што им изјавиле на репортерите на хрватскиот портал, биле длабоко погодени од неговата смрт.

Бевме многу поврзани со него. Се нарекувавме со зборот „кумови“ и такви бевме навистина. Ќе остави неизбришлива трага во хрватската музика – изјавил Душко Јарамаз, шибенички фотограф и пејач кој својата кариера ја започнал токму поради Арсен.