Арсенал го доведува Кејн за 69 милиони?

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, подготви 69 милиони евра за трансфер на фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, пренесува „Дејли Експрес“.

Арсенал е подготвен на 21-годишниот напаѓач од ривалскиот клуб да му понуди неделна заработка од 100 000 фунти и да го врати во екипата за која играше во помладите селекции во Лондон.

Како што се наведува францускиот стручњак донесе одлука уште во февруари по мечот со Тотенхем во Премиер лигата.

Токму на овој натпревар одличниот Кејн со два погодока донесе триумф со 2:1 на својот тим.

Кејн со Дијего Коста го дели првото место на листата стрелци од Премиер лигата со 19 постигнати голови досега.

По одличните партии дебитираше за А селекцијата на Англија против Литванија и постигна гол, додека против Италија прв пат беше стрелец во националниот фудбалски тим.

Кејн во текот на кариерата играше за Лејтон Ориент, Милвол, Норич и за Летсер.

Извор: Курир.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.