Спорт

Арсенал и Манчестер Јунајтед се почeстија по еден бод

Арсенал и Манчестер Јунајтед се почeстија по еден бод

Без победник и без погодоци заврши долго очекуваниот дерби натпревар од вонредното 26. коло од англиската Премиер лига, пресметката на „Емирати” помеѓу вечните ривали, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Двата тима пропуштија неколку чисти шанса, а поголема причина за незадоволство од кончениот резултат мора да има гостинот кој вината за не толку посакуваното реми мора да ја побара во неискористените шанси на исксуниот напаѓач, Робин ван Перси.

„Ова е најреален резултат, двата тима залсужија по еден бод, но можевме да славиме и минимално на ова тешко гостување. Натпреварот ќе добиеше сосема поинаков тек доколку Ван Перси ја реализираше колосалната шанса на стартот од натпреварот. Некој да му понудеше четри бода од двата дуеала со Арсенал, пред стартот на сезоната, јас без размислување ќе ја прифатев таа понуда”, изјави менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојес.

Поради лоши временски услови се одложени натпреварите: Манчестер С. – Сандерленд, Евертон – Кристал Палас.

Резултати: Њукасл – Тотенхем 0:4, Стоук – Свонси 1:1, Фулам – Ливерпул 2:3, Арсенал – Манчестер Јунајтед.