Арсенал ќе игра без Вилшир дури шест недели

Клупскиот доктор на лондонскиот премиерлигаш Арсенал потврди дека повредата која Џек Вилшир ја заработи на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Данска е од посериозна природа и истата бара мирување во следните шест недели.

Освен менаџерот на „топчиите”, Арсен Венгер, најразочаран од повредата на одличниот играч за врска е и селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Рој Хоџсон.

“Секогаш е тажна таа ситуација кога еден фудбалер ќе дојде од својот клуб, ќе игра за репрезентацијата и ќе заработи посериозна повреда за време на тој натпревар. Знам колку е тажен Џек и јас сум многу тажен и разочаран. Исто така многу сум тажен поради Арсенал. За жал, ваквите ситуации се составен дел од фудбалската игра. Џек помина многу полошо во тој за мене спортски прекршок, но се надевам дека ќе се врати на зелениот терен многу побрзо од предвиденото”, изјави Хоџсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.