Арсенал ќе мора да се задоволи со Мирослав Клосе

Иако сакаше прво да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на Шалке, Џулијан Дрекслер, а потоа и тие на фудбалерите на Барселона и Реал (М), Кристијан Тељо и Алваро Мората, менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер, на крајот ќе мора да се задоволи со услугите на германскиот интернационалец од редовите на Лацио, Мирослав Клосе.

Англиските медиуми потврдија дека искусниот напаѓач сега е прва опција кога е во прашање нападот на Арсенал, голем удел во реализацијата на овој трансфер треба да има и фактот дека Клосе на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер.

Челниците на Арсенал претходно потврдија дека веќе го договориле трансферот на шведскиот интернационалец од редовите на рускиот прволигаш Спартак од Москва, Ким Калстром.