Спорт

Арсенал ќе плати 32 милиони фунти за Диего Коста

Арсенал ќе плати 32 милиони фунти за Диего Коста

Новопечениот репрезентативец на Шпанија и најголема ѕвезда во дресот на Атлетико (М), важи за најголема желба на трофејниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер.

Лидерот во англиската Премиер лига ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на 25-годишниот напаѓач, а клупските челници се свесни дека големата желба на трофејниот француски стручњак може да стане реалност само доколку биде исплатена ослбодителната клаузула во договорот на Коста.

Бразилскиот интернационалец има договор со популарните „јорганџии” до 2017 година, но раководните лица на Атлетико (М) ќе бидат немоќни доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда за Коста не помала од 32 милиони фунти.

Таквата парична сума не би требало да претставува некој посериозен проблем за популарните „топчии” кои пред шест месци одвоија рекордни 42,5 милиони фунти за услугите на германскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Месут Озил.