Арсенал остана без Лигата на шампионите

Ливерпул и Манчестер Сити изборија пласман во Лигата на шампионите откако победија во последното коло од Англиската лига, додека Арсенал остана на петтото место.

Арсенал славеше дома против Евертон со 3:1, иако од 14 минута играше без исклучениот Кошчиелни, но тоа не им беше доволно, бидејќи останаа зад Манчестер Сити и Ливерпул, па ќе играат само во Лигата Европа.

Сите на гости со 5:0 го совлада Ватфорд, со два гола на Агуеро, додела Ливерпул на својот „Ејнвилд“ без проблеми со 3:0 го победи Мидлсборо, па овие две екипи ги заземаа третото и четвртото место.

Челзи титулата ја прослави на „Стенфорд Бриџ“ со победата 5:1 против Сандерленд, додека Тотенхем брилјираше со триумфот со дури 7:1 против отпишаниот Хал Сити. Тотенхем во заостанатиот меч во четвртокот го победи Лестер со 6:1, па сезоната ја заврши во голем сил, како и неговиот прв напаѓач Кари Кин кој на  Лестер му даде четири,а на Хал три голови и заврши како прв стрелец на лигата со 29 голови, четири повеќе од Лукаку од Евертон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.