сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Арсенал останува со шанса за пласман во ЛШ, необичен пенал на Махрез (ВИДЕО)

Ријад Марез во 77 минута погоди за 2:2, но судијата Роберт Мејдли го поништи голот, бидејќи алжирскиот репрезентативец двапати ја допрел топката

sanchez goal reu

Поврзани вести

Во средбите од 37-то коло од англиското фудбалско првенство Арсенал на гостувањето кај Сток Сити победи со 4:1, со што остана во играта за настап во Лигата на шампионите следната сезона.

„Топчиите“ сега имаат бод помалку од Ливерпул на четвртото место, а до крајот на првенството двата клуба имаат по два натпревара. Арсенал на својот терен ќе игра против Сандерлен и Евертон, додека Ливерпул гостува кај Вест Хем и дома го пречекува Мидлзборо.

Победата на Арсенал му ја донесоа Оливие Жиру, со головите во 42 и 80 минута, Месут Езил беше прецизен во 55 а Алексис Санчез во 76 минута, додека голот за Сток Сити го постигна Питер Крауч во 67 минута.

Во претходно одиграниот натпревар Манчестер Сити го совлада ланскиот првак Лестер Сити со 2:1, со што се проби на третото место пред Ливерпул. При резултат 2:1 на Лестер му беше поништен ретко виден пенал.

Ријад Марез во 77 минута погоди за 2:2, но судијата Роберт Мејдли го поништи голот, бидејќи алжирскиот репрезентативец двапати ја допрел топката. Махрез при изведувањето на најстрогата казна се подлизна и прво топката ја допре со десната, а потоа со левата нога.

Стрелци за Манчестер Сити беа, Давид Силва во 29 и Грабриел Хезус во 36 од пенал, додека за гостите стрелец беше Шинџи Оказаки во 42 минута.

Важни бодови освои и Свонси Сити кој на гостувањето кај веќе отпишаниот Сандерленд победи со 2:0, со головите на Љоренте во 9 и Најтон во судиското продолжение од првото полувреме. Свонси сега има четири подови повеќе од ал Сити кој во недела го очекува гостување кај Кристал Палас. Доколку ал загуби, ќе биде третиот тим кој ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување покрај Мидлзборо и Сандерлен.

Мидлзборо на домашен терен загуби со 1:2 од Саутемптон, Стрелци за гостите беа Родригез во 42 и Редмонд во 57 минута, додека Бамфорд во 73 минута го постигна голот за домаќинот.

Борнмут, пак, дома извојува победа против Барнли со 2:1 во возбудлива завршница. Домашните поведоа преку Станислас во 25 минута и го одржуваа водството до 83 минута кога израмни Вокес, но по две минути Кинг стрелаше прецизно за Борнмут.

Во петокот Челзи победи на гостувањето кај Вест Бромвич Албион, со што ја осигури титулата.
 

Најчитани вести