Спорт

Осминафинале на Лига Европа Арсенал подобар од Милан на „Сан Сиро“

Арсенал подобар од Милан на „Сан Сиро“

Фудбалерите на лондонски „Арсенал“ во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа на гостински терен го совладаа „Милан“ со 2:0 па со огромна предност ќе го пречекаат реваншот за седум дена.
Головите на „Сан Сиро“ ги постигнаа Хенрик Мхитарјан во 15 минута и Арон Ремзи во третата минута од судското продолжние на првото полувреме.

Ова беше прв пораз на „Росонерите“ во последните 13 натпревари на сите натпреварувања, додека „Топџиите“ од Лондон ја остварија првата победа по четири последователни порази.

Во останатите натпревари „Атлетико“ Мадрид рутински ја заврши работата против „Локомотив во Москва“, со победа од 3:0 и практично се пласираа во четвртфиналето.
Австрискиот шампион „Ред Бул Салцбург“ направи изненадување со победата над „Борусија“ Дортмунд со 2:1, а гостите можеле да слават и поубедливо. Во последниот натпревар Лион“ во Москва ја победи „ЦСКА“ со 1:0.